top of page
Writer's pictureFather Branko

29th SUNDAY AFTER PENTECOST - 29-та НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА



GOSPEL READING: Luke 14:16-24


The parable of the great banquet


The Lord said this parable: 16 Then He said to him, “A certain man gave a great supper and invited many, 17 and sent his servant at supper time to say to those who were invited, ‘Come, for all things are now ready.’ 18 But they all with one accord began to make excuses. The first said to him, ‘I have bought a piece of ground, and I must go and see it. I ask you to have me excused.’ 19 And another said, ‘I have bought five yoke of oxen, and I am going to test them. I ask you to have me excused.’ 20 Still another said, ‘I have married a wife, and therefore I cannot come.’ 21 So that servant came and reported these things to his master. Then the master of the house, being angry, said to his servant, ‘Go out quickly into the streets and lanes of the city, and bring in here the poor and the [a]maimed and the lame and the blind.’ 22 And the servant said, ‘Master, it is done as you commanded, and still there is room.’ 23 Then the master said to the servant, ‘Go out into the highways and hedges, and compel them to come in, that my house may be filled. 24 For I say to you that none of those men who were invited shall taste my supper.’”

***

ЕВАНГЕЛСКО ЧЕТИВО: Лука 14, 16-24

Парабола за големата вечера

А тој му рече: „Еден човек приготви голема вечера и покани мнозина; и кога беше време за вечерата, го прати слугата свој да им каже на поканетите: ,Дојдете, зашто веќе сѐ е подготвено!’ И почнаа сите по ред да се откажуваат; првиот му рече: ,Купив нива и ќе треба да одам да ја видам; те молам, извини ме!’ Вториот рече: ,Купив пет ѕевгари волови и одам да ги пробам; те молам извини ме!’ Третиот рече: ,Се оженив и затоа не можам да дојдам.’ Кога се врати слугата, му го кажа тоа на својот господар. Тогаш се расрди домаќинот на куќата и му рече на својот слуга: ,Оди бргу по плоштадите и улиците градски и донеси ги тука сиромашните, сакатите, куците и слепите!’ И рече слугата: ,Господаре, направив како што ми заповеда и уште има место.’ И му рече господарот на слугата: ,Излези по патиштата и меѓу оградите и убеди ги да дојдат за да се наполни куќата!’ Зашто, ви велам: никој од оние што беа повикани нема да вкуси од вечерата Моја. Зашто, мнозина се поканети, но малкумина се избрани.“

***

Thoughts By St. Theophan the Recluse on the Gospel for this Sunday

Many are called, but few are chosen (Matt. 22:14). All Christians are called; chosen are those Christians who believe and live in a Christian manner. In the first Christian times preaching called to faith; we are called by our birth from Christians and upbringing among Christians. And glory be to God! We pass half the road, that is, entrance into Christianity and the taking root of its principles in our heart from our very childhood, without any labor. It would seem that our faith should be all the stronger, and our life all the more correct throughout all the time that follows. It was this way; but from a certain point in time it has started to be different. Unchristian principles are permitted in our schools which ruin young people, and unchristian customs have entered into society, which corrupt them after leaving school. If according to the word of God there always have been only a few chosen, it is no surprise that in our time there are even fewer of them; such is the spirit of the age—antichristian! What will be next? If our manner of education and social customs are not changed, true Christianity will weaken more and more, and at last will entirely end; only the name of Christian will remain, but the spirit of Christianity will not be there. The spirit of the world will fill everything. What is one to do? Pray…

***

Поуки од Свети Теофан на Евангелието за оваа Недела

Многумина се повикани, но малкумина се избрани (Матеј 22, 14). Сите христијани се поканети; избрани се оние кои веруваат и живеат на христијански начин. Во првите христијански времиња, проповедта нè викаше кон верата; од раѓање сме поканети од христијани и сме воспитувани меѓу христијани. Слава Му на Бога! Поминуваме половина пат, што значи – вовед во христијанството и фаќање корен во неговите начела во своето срце од самото детство, без ников труд. Тоа треба да значи дека нашата вера ќе изгледа посилна, а нашиот живот ќе оди во вистинска насока низ целото време што следи. Така беше тоа, но по извесно време станува поинаку. Нехристијански вредности се дозволуваат во нашите училишта што ги уништуваат младите луѓе, а и нехристијански обичаи навлегоа во нашата заедница, кои нив ги расипуваат по излегувањето од училиште. Ако, според Словото Божјо, секогаш имало само неколку избрани, не е изненадување што во наше време тие се дури и помалку. Тоа е духот на времето во кое живееме – нехристијански. Што ќе следи? Ако начинот на воспитување и народните обичаи не се сменат, вистинското христијанство ќе ослаби повеќе и повеќе и на крајот целосно ќе исчезне; само името христијанин ќе остане, но духот на христијанството ќе го нема. Духот на овој свет ќе исполни сè. Што треба секој да прави? Да се моли...


9 views0 comments

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page