top of page
Writer's pictureFather Branko

7th Sunday after Pentecost – Седма недела по Педесетница


GOSPEL READING: Matt. 9:27-35

27 When Jesus departed from there, two blind men followed Him, crying out and saying, “Son of David, have mercy on us!” 28 And when He had come into the house, the blind men came to Him. And Jesus said to them, “Do you believe that I am able to do this?” They said to Him, “Yes, Lord.” 29 Then He touched their eyes, saying, “According to your faith let it be to you.” 30 And their eyes were opened. And Jesus sternly warned them, saying, “See that no one knows it.” 31 But when they had departed, they [a]spread the news about Him in all that [b]country. 32 As they went out, behold, they brought to Him a man, mute and demon-possessed. 33 And when the demon was cast out, the mute spoke. And the multitudes marveled, saying, “It was never seen like this in Israel!” 34 But the Pharisees said, “He casts out demons by the ruler of the demons.” 35 Then Jesus went about all the cities and villages, teaching in their synagogues, preaching the gospel of the kingdom, and healing every sickness and every disease [c]among the people.

***

ЕВАНГЕЛСКО ЧЕТИВО: Матеј 9, 27-35

27. А кога Исус си одеше оттаму, тргнаа по Него двајца слепи и викаа: „Помилуј нè, Исусе, сине Давидов!” 28. А штом дојде в куќи, слепците се приближија до Него. И Исус им рече: „Верувате ли дека можам да го направам тоа?” Тие му рекоа: „Да, Господи!” 29. Тогаш се допре до очите нивни и рече: „Нека ви биде според верата ваша!” 30. И очите им се отворија; а Исус им заповеда строго: „Гледајте никој да не узнае!” 31. А тие, штом излегоа, разгласија за Него по целата таа земја. 32. Додека тие излегуваа, ете, доведоа при Него еден човек нем и бесен. 33. По изгонувањето на бесот, немиот проговори. А народот се чудеше и говореше: „Никогаш такво нешто не станало во Израилот!” 34. А фарисеите велеа: „Он ги изгонува бесовите со силата на началникот на ѓаволите.” 35. И одеше Исус по сите градови и села, и проучуваше по нивните синагоги, го проповедаше Евангелието на царството и лекуваше секаква болест и немоќ во народот.

***

Thoughts By St. Theophan the Recluse on Seventh Sunday After Pentecost

According to your faith be it unto you, said the Lord to the two blind men, and immediately their eyes were opened. The greater the faith is, the greater is the influx of Divine power. Faith is the receiver, lips, and receptacle of grace. Just as one person’s lungs are large while another person’s are small, and the large take in more air, while the small take in less, so one person has a large degree of faith, and another a small degree, and one person’s faith receives more gifts from the Lord, and another person’s fewer. God is everywhere, encompasses everything and contains all, and loves to dwell in human souls. But He does not forcibly enter them, even though He is Almighty, but enters as if upon invitation; for He does not want to infringe upon the power which man has over himself, or infringe upon man’s right to rule his own house—a right which He has granted. Whosoever opens himself through faith, God fills, but whosoever closes himself through unbelief—God does not enter, though He is near. Lord! Add to our faith, for faith too is Thy gift. Each of us should confess: Poor and needy am I (Ps. 69:6).

***

Мисли од Свети Теофан Затворник за Седмата недела по Педесетница

„Нека ви биде според верата ваша!”, им рече Господ на двајцата слепи и веднаш очите им се отворија. Што поголема е верата, поголем е и изливот на Божјата благодат во нас. Верата е приемник, уста и сад на благодатта. Исто како што некому белите дробови му се големи, докека некому му се – мали, такашто поголемите примаат повеќе воздух, а малите примаат – помалку, и како што некој има поголем степен на вера, а некој – помал степен, затоа некој прима повеќе дарови од Господа, а другиот – помалку. Бог е насекаде, управува со сè и држи сè и сака да живее во човечки души. Но, Он не навлегува насилно во нив, и покрај тоа што е Семоќен, но влегува само ако е поканет; зашто, Он не сака да ја повреди власта на човекот што самиот ја има врз себе, или да го прекрши човековото право самиот да управува со сопствената куќа – правото што Он го дал. Секој што ќе се отвори себеси преку вера, Бог влегува, а оној што ќе се затвори себеси преку неверие – Бог не влегува, иако Он е близу. Господи, придај и՝ на нашата вера, зашто верата, исто така, е – Твој дар. Секој од нас нека исповеда: “Јас, пак, сум беден и сиромав“ (Псалм 69, 6).

Превод, протоереј-ставрофор Бранко Постоловски

11 views0 comments

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page